Корисниците од улицата „Црвена Скопска општина“ број 4 утре во периодот од 8.30 до 13 часот ќе бидат без електрична енергија.
Дел од корисниците на електрична енергија на улиците „Пушкинова“ и „Христо Татарчев“ број 11 и 13 ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9 до 13 часот, а од 9 до 15.30 часот дел од корисниците од улицата „Четврти Јули“ број 45 во општина Ѓорче Петров.
Без струја од 13 до 14 часот ќе бидат и дел од корисниците од скопското село Орман, Терминал и граничен премин Блаце, асфалтните бази кај Лепенец, село Горно и Долно Блаце.
Во периодот од 9.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ без број и Горни Жданец, а од 10 до 15.30 часот дел од корисниците од улиците „Руѓер Бошковиќ“, „Иван Аговски“, „Веселин Маслеша“ и „Никола Тесла“. Од 9 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Руѓер Бошковиќ“ и „Гиго Михајловски“.
Како што информира РЦУК–Скопје, прекините се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


