| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит и Анџелина Џоли посвојуваат уште едно дете од Етиопија?

Иако Бред и Анџелина имаат шест деца и пренатрупан работен распоред, тие се одлучни во намерата дополнително да го прошират своето семејство. Славната двојка ја освоило едно малечко девојче.

– Анцелина и Бред постојано за празниците зборуваа за проширување на семејството и беа многу возбудени поради тоа – вели еден од изворите кои се блиски со двојката.

Наводно, Бред и Анџелина сакале да посвојат девојче од Јордан, но поради проблеми во постапката го свртеле своето внимание кон Етиопија, од каде што е и нивната најстара ќерка Захара.

– Отсекогаш посакуваа таа да има брат или сестра кој ги делат нејзините афрички корени. Би било идеално тоа да биде девојче кое има две или три години- раскажува нивниот пријател и додава дека посвојувањето најверојатно ќе се случи во април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top