| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган и објави војна на „империјата на стравот“ на Гулен

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, објави денеска отворена војна со „империјата на стравот“, како што го нарече својот исламистички ривал Фетулах Гулен.

Приврзаници на Гулен, исламистички проповедник кој живее во САД, беа обвинети од Ердоган, кој ги нарече предавници, кои под обидите за истрага за корупција се обидуваат да извршат државен удар.

Тој апелираше до турските амбасадори ширум светот на своите странски колеги да им објаснат какво е „вистинското лице“ на организацијата на Гулен, какви се нивните желби и амбиции и кои се „димензиите на опасноста“ од неа.

Ова е првпат, откако во декември почна кризата, Ердоган по име да го спомене Гулен и неговата органзиација Хизмет. Десетици лица и неколку политичари од неговиот најблизок круг се приведени под сомневање за примање мито во врска со градежни проекти, за перење пари и шверц на злато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top