– Доколку не се смогне доволно политички капацитет од страна на власта, тој факт да се прифати, Македонија на 24-ти март ќе биде земја без здружената опозиција на локалните избори и земја во која нема да има опозициони пратеници во Парламентот, изјави Петров.
Дали на СДСМ им се поважни предвремените парламентарни избори отколку учеството на локалните, Петров одговори дека на СДСМ најважно од се му е враќањето на демократијата во земјата.
Што се однесува до најавеното враќање на мандатите на пратениците, Петров рече дека тоа ќе се случи доколку нема решение на политичката криза.
На денешниот протест на опозицијата беше избегнат поголем инцидент меѓу партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ и учесници во карванот со возила. Додека колоната возила поминуваше на булеварот Партизански одреди еден од присутните пред просториите на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош уфрли партиска програма на нивниот кандидат за градоначалник низ отворените прозори на два автомобила.
По краток застој тензијата се смири и колоната продолжи кон зградата на Владата на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ХДЗ за ново „квалитетно мнозинство“ во парламентот
-
МВР: Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на нападот врз Петров
-
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот на Тодор Петров: Спасовски е срам за македонската држава!
-
Петров: Дали си победил или изгубил се мери со гласови на избори (ВИДЕО)


