| четврток, 6 декември 2018 |

Максимално покачување на акциите на „Гугл“, Шмит продава дел од своите

Ерик Шмит, претседателот на компанијата Google во текот на годината ќе продаде речиси половина од акциите кои ги поседува, а истите се проценуваат на вредност од над 2.5 милијарди долари

eric-schmidt-google

Според неговиот портпарол не се работи за никаква панична реакција, баш напротив вредноста на акциите на „Гугл“ бележи стабилен пласман на берзата со просечна вредност од 750 долари, што е одлична позиција. Неговата одлука е чисто финансиска и дел од распоредување на средствата.

Ерик Шмит со оваа продажба на акции ќе заработи над 2.5 милијарди долари, но тоа ќе значи и само минимално учество во сопственоста на компанијата од 1.3 проценти и право на глас во одлучувањето од 5 проценти во носењето на одлуките.

Списанието “Форбс” ја проценува состојбата на Шмит на 6,9 милијарди долари и тој се наоѓа на 138-то место меѓу милијардерите во светот.

Сега Шмит поседува 2,3% од акциите на Гугл, а по планираната зделка тој ќе остане сопственик на 1,3% од акциите на корпорацијата, прецизираат агенцијата АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top