
Виралното видео чие снимањето на многу њујорчани им го скрати животот за неколку години, креирано е по повод хорор-филмот „Детето на злото“, кој во кината пристигнува на 6 февруари, а е во дистрибуција на МЦФ МКД.
Голем број њујорчани се исплашија кога на улица здогледаа детска количка без надзор од родител, а целосно се избезумија кога се доближија до количката и погледнаа одблизу во неа.
Од количката, со плачење скокнуваше бебе, кое навистина личеше на вистинско, но на минувачите кои се осудија да се приближат до количката, животот сигурно им се скратил за неколку години.
Вака изгледаше снимањето на провокативното промотивно видео за хорор филмот „Детето на злото“ зад кое стои познатата компанија Тинкмодо.

Истиот тим минатата година го креираше виралното видео за хорор филмот „Кери“ – „Телекинетичко изненадување во кафуле“, кое има преку 52 милиони прегледи и беше еден од најгледаните видеоклипови на Јутјуб.
Хоророт „Детето на злото“ е приказна за Зек и Саманта, кои запловуваат во брачни води како и секоја останата заљубена двојка – голема венчавка во црква, тропски меден месец и големи планови за иднината. Меѓутоа, плановите се комплицираат во оној момент кога на патувањето ќе се изгубат и Саманта неочекувано ќе остане трудна. Без разлика на тоа, тие продолжуваат да си ја слават љубовта, одбележувајќи ги заедничките моменти со видео камера. Но, вознемирувачки случки почнуваат да упатуваат на тоа дека бебето кое Саманта го носи претставува олицетворение на големото зло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


