Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, едвај извлече „жива глава“ и во последен момент беше спасен од обезбедувањето, го започнува својот саркастичен текст српскиот весник „Блиц“.
Напаѓачот,познат на децата и на некои возрасни е кловнот, кој на прославата на православната Нова Година во Белград се осмели да проба да го удри Дачиќ со чекан по глава. За среќа, обезбедувањето на премиерот брзо реагираше и го спречи кловнот на овој начин да ја собори Владата на Србија, пишува весникот.
Станува збор за гаф на шефот на обезбедувањето, Александар Антиќ, кој не му дозволи на забавувачот на шега да го удри премиерот со пластичен чекан како дел од уличната претстава, што е главна тема за подбивање во Србија денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За овој гаф не е виновна, но Балканот пак слатко ѝ се смее на Колинда (фото)
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Брза географија: „Канал 5“ ја најави „американската канцеларка Меркел“ (ВИДЕО)
-
Неверојатно: Навечер кловн скока на патот и ги тероризира возачите!


