Покрај укорот кој го доби од својот ментор Жељко Јоксимовиќ, за тоа што иако беше најавен, тој не настапи и не се појави на концертот за стара Нова година во Нови Сад, македонскиот претставник Даниел Кајмакоски во синоќешната емисија на „Икс-фактор“ доби само пофалби од жирито.
Една од нив беше и коментарот на Емина Јаховиќ која го праша дали размислил да ја претставува Македонија на „Евровизија“ и тоа со песна на Жељко Јоксимовиќ, кој веќе има неколкукратно искуство со европскиот фестивал и како пејач и како композитор.
Дополнително „тапкање по рамо“, стружанецот доби и од босанската ѕвезда Хари Варешановиќ. Хари Мата Хари кој настапи како специјален гостин, покрај сонародничката Илма Карахмет, за најдобар кандидат го смета токму Даниел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.