| четврток, 6 декември 2018 |

Прекината серијата на Њујорк, Индијанa со 30 победи

indijana

Синоќа во НБА лигата се одиграа четири натпревари.
Њујорк по петте победи од шест меча доживеаа пораз од Шарлот на гостински терен од 108-98. Ал Џеферсон со 25 поени и осум скока го предводеше својот тим до победа. Кај тимот од „големото јаболко“ Кармело Ентони со 20 поени и Стадемаер со 17 коша беа предводници на својот тим кој грчевито ќе се бори до крајот на сезоната да обезбеди пласман во плејофот.
Индијана со вчерашната победа од 116-92 над Сакраменто ја се искачи на бројката од 30 победи оваа сезона и се изедначи со најдобриот тим од западот Сан Антонио кој исто така има 30 победи. Пол Џорџ имаше одлична вечер и постигна 31 поен. Кај Сакраменто со исто толку поени се истакна Демаркус Казинс додавајќи и 13 скока кои не беа доволни за победа во Индијана.
Мемфис ја изненади Оклахома и славеше со 90-87. И покрај 37 поени на Кевин Дјурант гостите не успеаа да победат. Кортни Ли и Зак Рендолф постигнаа по 24 односно 23 поени за победничката екипа.

Кливленд ја продолжи агонијата на тимот од Лос Анџелес. Тие во „Стејпл центар“ славеа минимално со 120-118. Најефикасен беше новото засулување на Кливленд Луол Денг со 27 поени. Кај „езерџиите“ се истакна Нил Јанг со 28 коша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top