| четврток, 6 декември 2018 |

Технохозе отвора нова фабрика во Бунарџик – 150 нови вработувања

Италијанската компанија Витек дел од групацијата Текнохозе која минатата година отвори фабрика во економската зона Бунарџик, за оваа година планира изградба на нова фабрика. Како што јавува Економски.мк, се работи за фабрика четири пати поголема од сегашната, која ќе овозможи нови 150 вработувања. За ова во интервју за Еконoмски информира Јован Поповиќ менаџер за производство во фабриката.

Според Поповиќ, Македонија бил нивниот избор бидејќи има добри услови за инвестирање и квалитетна работна сила. За само три месеци работење во текот на минатата година, тој вели дека успешно ја завршиле годината.

– Па просечно по 400 500 илјади евра фактурирана вредност, клиентите се веќе постоечки, нема нови клиенти па сега да се пробиваме на пазарот. Но континуирано се зголемува производството, кога ќе исполни капацитетот со сите машини ќе мораме да се шириме, вели тој за Економски.

Околу новата фабрика вели дека градежните активности се во тек и дека ќе се пушти во употреба околу октомври . Ќе биде четири пати поголема и ќе се вработат 150 луѓе, со што ќе се зголеми производството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top