| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд ќе ја напушти новинарката поради актерката?

oland valeri

Претседателот на Франција Франсоа Оланд планирал да ја остави партнерката Валери Трирвајлер поради која во 2007 година се разведе од сопругата со која има четири деца.

Како што пренесуваат француските медиуми, причината за напуштањето е аферата со актерката Жили Гаје. Единствен проблем била моменталната депресија на Валери поради што е на лекување во болница и каде што ќе остане уште најмалку една недела. Оланд се двоумел за раскинувањето на врската за да не се влоши здравствената состојба. Медиумите шпекулираат дека 48 годишната новинарка Валери била подготвена да му ја прости аферата на Оланд за да ги задржи привилегиите како прва дама. Таа дури била подготвена и во февруари да патува со него во официјална посета на САД каде што Оланд ќе се сретне со Барак и Мишел Обама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top