| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку скопски општини утре без струја

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека без струја утре од 8.30 до 13 часот ќе бидат корисниците од улица „Црвена Скопска општина“ број 4 во општина Центар.

Од 9 до 13 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улиците: Пушкинова и Христо Татарчев (број 11 и 13) во општина Кисела Вода, од 9 до 15.30 дел корисниците од улица 4 Јули број 45 во општина Ѓорче Петров, а од 13 до 14 часот дел од корисниците од село Орман, Терминал и граничен премин Блаце, дел од ул. Кај Аеродром Стенковец, асфалтните бази кај Лепенец, село Горно и Долно Блаце (општина Ѓорче Петров, Чучер Сандево).

Во периодот од 9.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улица Теодосиј Синаитски бб – Горни Жданец. (општина Карпош), меѓу 10 и 15.30 часот – дел од корисниците од ул. Руѓер Бошковиќ, ул. Иван Аговски, ул. Веселин Маслеша и ул.

Никола Тесла (општина Карпош), а од 9 до 15.30 часот и дел од ул. Гиго Михајловски (општина Карпош).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top