| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Михајловски новата водителка на „Икс-фактор“

По првото водење на емисијата „Икс-фактор“ гледачите немаа баш најдобро мислење за водителот Славко Калезиќ, иако се зборуваше дека него ќе го замени Влада Станојевиќ, сепак продукцијата имала подобра идеја.

Според магазинот „Свет“ Славко Калезиќ нема повеќе да го води музичкото шоу „Икс-фактор“, туку на негово место ќе дојде убавата водителка Ана Михајловски Грубин.

Водителката се договорила со главните луѓе на „Икс-фактор“ и вечерва за прв пат ќе ја видиме како ќе се снајде.

Ана Михајловски на нејзиниот „Инстаграм“ профил ја потврди оваа информација со зборовите:

– Спремни за вечерва, јас сум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top