На граничниот премин Прешево на влез во Република Србија вчера се запленети 13 килограми и 715 грама марихуана, пронајдена во возило со кое патувала брачна двојка, македонски државјани.
Како што соопшти српската царина, по прегледот на возилото е откриено дека во багажникот има направено специјално двојно дно исполнето со марихуана.
На прашањето од цариниците дали има нешто да пријави, возачот одговорил дека нема, а возилото дека го позајмил од неговиот кум. Брачниот пар изјавил дека патуваат во Инџија и незнаеле што се наоѓа во автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


