| четврток, 6 декември 2018 |

Утре краен рок за издавање збирна пресметка за исплатени приходи

ujp kola

Утре истекува рокот за фирмите за издаваат збирна пресметка за исплатени приходи на граѓани за платениот персонален данок и придонеси во 2013 година. Врз основа на оваа збирна пресметка граѓаните кои се обврзници на персоналниот данок на доход, ќе може да ги пријават приходите во Годишната даночна пријава. Рокот за нејзиното поднесување во УЈП, пак, е 15 март, потсетува Плусинфо.

Фирмите кои во изминатата 2013 година извршиле исплата на приходи на граѓани, имаат обврска по електронски пат да поднесат Годишен извештај (образец ПДД-ГИ), најдоцна до 31 јануари 2014 година.

„Во него тие ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка“, потсетуваат од УЈП.

Ваква обврска имаат и фирмите кои вршеле откуп на земјоделски производи во 2013 година, како и организаторите на зелените пазари.

Доколку до 31 јануари фирмите не поднесат годишен извештај и не ги издадат збирните пресметки за 2013 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top