Трета група деца заминаа на бесплатно зимување на Пелистер. Ова се деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Ова е веќе трета година по ред Владата да обезбеди бесплатен одмор во рамките на проектот „Бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории“.
– Децата ќе можат да присуствуваат на бесплатен одмор и рекрeација, своето време да го поминат во дружење, забава и културно-едукативни активности и, секако, да имаат едни незаборавни моменти и срeќни мигови во рамките на овој бесплaтен одмор, кој трае 6 дена – изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој беше на испраќањето на децата на Пелистер.
За време на овој зимски распуст оваа услуга ќе ја искористат околу 1000 дечиња, а досега 660 ја искористиле. Ова е последната група што заминува и опфаќа деца од цела Македонија. Во изминативе три години во овој проект се опфатени над 6000 деца. Секоја година во овој проект се вклучува и Црвениот крст на Град Скопје, со волонтери кои ги придружуваат децата кои ги користата летните, односно зимските одмори.
– Над 30 волонтери ќе присуствуваат во зимските одморалишта, кои се со одредена професионална струка, пред сѐ социјални работници, психолози, педагози и студенти во завршни години на студии. Тоа се волонтери кои имаат завршено одредена обука како треба да се однесуваат и што треба да организираат за децата додека претстојуваат во одморалиштата – рече Тунева-Пауновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.