| четврток, 6 декември 2018 |

Маснотија во оџак причина за пожарот во „Рамстор“

pozar ramstor03 (Custom)

Насобрана мрснотија и висока температура во оџак е причината за пожарот во трговскиот центар „Рамстор“. Според командантот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски, се работи за димноводен систем на еден од рестораните во трговскиот.

pozar ramstor02 (Custom)

Интервенцијата била успешна и не е причинета материјална штета, ниту има повредени. Уште пред да пристигнат противпожарните служби, се вклучил системот за брзо гаснење со кој располага трговскиот центар со чија помош успешно завршила интервенцијата.

Пожарникарите сѐ уште се на терен, додека да се расчисти чадот во трговскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top