| четврток, 6 декември 2018 |

Дос Сантос го понижи Реал Сосиедад

Фудбалерите на Вилјареал ја декласираа екипата на Реал Сосиедад со резултат 5-0 во последниот натпревар од 19 коло од шпанската Примера.

Херој во победата на „жолтата подморница“ беше двојниот стрелец и асистент Џовани дос Сантос. Мексиканецот во првото полувреме постигна два гола во 16. и 33. минута, а помеѓу тоа му асистираше на Уче во 27. минута.

Во вториот дел повторно стрелец беше Уче во 55. минута, му асистираше Дос Сантос, а две минути подоцна Гомез го зголеми резултатот на 5-0. Почесниот гол за гостите од „Сан Себастијан“ го постигна Мартинез во 60. минута.

Со оваа победа, Вилјареар го помина Сосиедад и ја презема петтата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top