Вечерва во Цирих се одржува свечената церемонија за долување на Златната топка. Гласно се коментира дека Златната топка ќе ја добие Португалецот Кристијано Роналдо. Се вели дека неговите двајца противници во финалето, Лионел Меси и Франк Рибери немаат премногу шанси.
Меѓутоа, додека Меси беше долго повреден, па и не ја заслужува Златната топка, Рибери во 2013 година со Баерн освои се што можеше да се освои и играше во животна форма.
Многу аналитичари сметаат дека Франк Рибери поради се тоа наброено ја заслужува Златна топка, но поради својата политика ФИФА има намера да му ја врачи на Роналдо.
И Рибери се сложува ако тој не ја добие Златната топка, тогаш и комплетната церемонија и нема премногу смисла.
-Имам самодоверба и можам да кажам дека 2013 година беше моја. Јас на лично бев на највисоко ниво досега и не знам што повеќе требаше да направам за да добијам Златната топка. Ги освоив сите трофеи, играв одлично, бев одлучувачки во голем број на натпревари, како за Баерн, така и за Франција- изјави Рибери ,па продолжи:
-Доколку не ја добијам Златната топка, тогаш сето ова нема никаква логика. Сонувам да ја освојам, но истовремено сум мирен и со двете нозе на земја.
Фифа објави дека награда почесен освојувач на „Ballon d’Or“ ќе добие и легендарниот Бразилец Пеле.
-Ја очекував веќе барем три пати, но ете дури сега ќе се случи- изјави Пеле на шега.
Бразилецот со репрезентацијата освои три титули светски шампион, и уште неколку награди и признанија за сите успеси во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


