Компании од кинескиот Сичуан се интересираат за инвестирање во земјоделскиот сектор во Македонија, му пренел амбасадорот на НР Кина Цуи Џивеи на министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Според амбасадорот во наредниот период ќе дојдат во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци.
Областа Сичуан е најголемата кинеска провинција, со 90 милиони жители и со најразвиено земјоделство. Доминантно е свињарството и годишно се одгледуваат околу 90 милиони свињи. Четвртина од вкупното производство на земјоделски производи во НР Кина се остварува во провинцијата Сичуан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


