Петнаесетчлениот меѓународен тим во истрагата го сочинуваат експерти од БиХ, Хрватска, Србија, како и од Македонија, а нивните имиња нема да бидат соопштени на јавноста со цел да се избегне евентуално влијание врз нивната работа.
– Сметаме дека овој тим ќе биде објективен, коректен и професионален. Имињата на луѓето вклучени во тимот нема да и бидат познати на јавноста за евентуално да не може да се влијае врз истражителите. Го сочинуваат седум воздухопловни инженери, тројца пилоти, двајца контролори и двајца дизајнери на воздухопловни процедури. Сметаме дека тој тим е доволно стручен за да ја изврши работата коректно – рече Кулиќ.
Според него, извештајот од првичната истрага не задоволува затоа што е завршена за многу брзо време од неполни два месеца што, оценува, е многу брзо за ваква обемна истрага. Очекува повторената истрага согласно доставените материјали да биде завршена до крајот на годинава, а за нејзиниот тек на секои два месеца македонската јавност ќе биде информирана.
Истрагата за „кингерот“ е повторно отворена на барање на Република Македонија, а по дополнително прибрани материјални докази доставени од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до босанското Министерство за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



