Македонија чекори сигурно и решително во реформскиот процес за евроинтеграции. Тоа е исклучително јака порака што државата треба да ја следи независно дали се политички партии од власта или од опозицијата. Важно е нашето единство во однос на европската интеграција, тоа е иднината на Република Македонија.
Ова денеска го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими одговарајќи на новинарски прашања во врска со Изборниот законик по состанокот со министерот за правда Блерим Беџети во рамки на ЕУ/ИПА институционалните посети, предвидени во Агендата ЕУ 2014 на СЕП.
Реформите во Министерството за правда, нагласи Бесими, не се само да се пополнат одредени табели во Европската комисија, туку се за подобар живот во Република Македонија.
– Посигурен и поефикасен правосуден систем, како во однос на реформите на Изборниот законик, така и пристапот на Република Македонија во однос на исполнување на политичките критериуми што веќе во континуитет се потврдува со препораката, но и сите други предизвици што ни стојат на патот. Тоа што во 2013 година изгубивме доста време во однос на политичкиот дијалог, 2014 треба да биде поефикасна и поуспешна во однос на реформите, рече Бесими.
Министерството за правда, според ресорниот министер Беџети, е подготвено уште денеска да го достави законот до Влада, но оти имало некои обврски произлезени од измените и дополнувањата не само во Изборниот законик.
– Упатуваме јавен апел да се надмине една не цела реченица во толкувањето, бидејќи е во интерес на државата, институциите и на граѓаните. Иако Владата има мнозинство во Собранието, поддршка од пратениците сепак пристапот беше и се уште е консензуално да се носи Изборниот законик. Се надевам дека денеска ќе се заокружат сите можни активности во врска со Изборниот законик, рече Беџети.
На прашањето дали вицепремиерот за евроинтеграции Бесими планира средба со опозицијата, тој информира дека предвидени се средби со сите институции, како и со парламентарните групи во Собранието, во однос на политичкиот дијалог.
– Тоа е дел од акцискиот план на Владата, во делот на пристапниот дијалог на високо ниво. Политичкиот дијалог и исполнувањето на препораките кои произлегуваат од Ад хок комисијата што побрзо да се заокружат и да се реализираат, тоа е подобро за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Тоа ќе биде доказ за консензуалниот пристап на политичките партии во земјава за евроинтеграцискиот прцес, без разлика дали се од власта или до опозицијата. Република Македонија во евроинтеграцискиот процес е како една целина и ние внатре треба да ја претвориме во резултат, истакна Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа