Заедничка соработка, претседателските избори, спорот со името и евроатланските интеграции на Македонија биле главните теми на денешната средба помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Алијансата за позитивна Македонија, Љупчо Зиков и со поранeшниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски.
Во соопштението на ДУИ стои дека Зиков изразил позитивен став за идејата за консенсуален кандидат за претседател на Македонија.
– Тој истакна дека тоа е добра иницијатива и дека такви чекори ја стабилизираат политичката сцена во земјата но и соживотот. Ова е значаен чекор и е многу добро што се отвара оваа тема во Македонија во ова време. Ахмети нагласи дека политичарите се избрани за да донесат храбри и одговорни одлуки и затоа смета дека политичките партии треба да се подготвени за претседател на Македонија кој што ќе ги претставува сите заедници во земјава и ќе ги застапува ЕвроАтлантските стремежи на сите граѓани. Соговорниците истотака се сложија околу потребата за итна интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија. Само тој процес гарантира траен мир, стабилност и сигурност не само за земјава туку и во целиот регион на Западен Балкан.НАТО и ЕУ се абсолутен приоритет за сите граѓани и овој процес нема алтернатива. Претседателот Ахмети истакна дека сите патувања од Вашингтон до Брисел беа во функција на интегрирање на Македонија во Брисел и дека сега треба да се искористи моментот за конечно решение за спорот со името затоа што преговарачкиот процес не задира во идентитетот на македонскиот народ како и македонскиот јазик – велат од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех