Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата кои се продаваат на бензинските пумпи насекаде низ Македонија во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 1,77%.
ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поевтинуваат за 1 денари и ќе се продаваат по цена од 77,50, односно 79 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 68,50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.