| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестирајте во Македонија дава позитивни резултати

investirajte

Новоименуваниот претседател на Советот на странски инвеститори на Стопанската комора на Македонија, Хуан Педро Иманез Наваро и директорот на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида денска потпишаа Меморандум за соработка.

Наваро истакна дека како нов претседател ќе продолжи со редовните состаноците со членовите на Советот на странски инвестиции во Стопанската комора на Македонија, но ќе одржува и состаноци во другите градови низ Македонија со цел Советот на странски инвеститори да добие подобра слика за тоа што мислат нивните партнери кои работат на територијата на цела Македонија.

-Меморандумот за соработка со Агенцијата за инвестиции е многу важен чекор и се надеваме дека со тоа ќе ја подобриме комуникацијата со владините институции и ќе ја подобриме нашата координација при изведување на заеднички активности, насочени кон заедничка соработка во развивањето на деловниот сектор, потенцираше Наваро, кој додаде дека една од нивните цели е завршување на Белата книга која ќе биде презентирана годинава.
Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида потенцираше дека Инвест Македонија дава професионални и квалитетни услуги, како на потенцијалните така и на постоечките странски инвеститори во земјата.

-Странските компании кои веќе работат во Македонија, сами по цебе се алатка за промовирање на земјата како атрактивна инвестициска дестинација. Нивниот успех е и наш успех и нивните позитивни финсниски резултати значат придонес за локалниот економски развој, посочи Фида, додавајќи дека е формиран и посебен сектор за грижа на инвеститорите т.н. „after care“.

Тој потенцираше и дека кампањата „Invest in Macedonia“ дала позитивни и видливи резултати.

-Ефектот на кампањата е да ја промовира Македонија низ светот и благодарение на оваа кампања Македонија стана повидлива во бизнис секторот, додаде Фида.

На потпишувањето на мемрандумот присуствуваа и потпретседателите на Советот на странски инвеститори Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН“ и директор на „Џонсон Мети Македонија“,Џатин Такрар, кој истакна дека Џонсон Мети доживеа експанзија во Република Македонија, дека се среќни што инвестирале во Република Македонија ќе продолжат да го прават тоа и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top