| четврток, 6 декември 2018 |

„Суташ“ почнува медиумска кампања

Sutash 03„Балканска млекарница“, дел од турската „Суташ груп“, наскоро ќе ја почне медиумската кампања за своите производи. Првата етапа од инвестицијата е успешно реализирана лани преку набавка на најсовремена опрема. Следува втората фаза, чија цел ќе биде, како што рече, удвојување на производството од сегашните 70 милиони литри на преку 140.

– Не дојдовме тука за да останеме кратко. Имаме долгорочни планови. Меѓу клучните е и отворањето нови работни места, што логично ќе следува со оглед на предвиденото зголемување на производството – порача претседателот на „Суташ груп“, Муарем Јилмаз, преку видеообраќање.

Sutash 01Јилмаз во Македонија не гледа само одличен пазар, туку и можност за проширување кон регионот, Европа и во светски рамки.

– Ние веруваме во млекото. Кога се нуди природно млеко, нема сомнеж дека ќе се успее. Географската местоположба е добра основа за прозводство на квалитетно млеко. Тоа што е важно е да се воспостави добра комуникација со производителите на млеко. Искуството тука е дека тие биле изигрувани од доверитеклите, од откупувачите. Таа доверба треба да се стекне. Ние не дојдовме на кратко време. Целта ни е да станеме Македонци, да нѐ прифатите како дел од вас – додаде Јилмаз.

Во првата година на работа во Македонија, турската инвестиција во млечната индустрија „Балканска млекара“, како дел од „Суташ груп“ ја отвори најсовремената фабрика за млеко и млечни производи, ја воспостави дистрибутивната мрежа низ целата земја, а има и одлична соработка со потрошувачите кои не препознаваат – велат од компанијата, за која, сепак, првата година е период за подготовка.

Sutash 02„Суташ“ ги презеде капацитетите на поранешната „Сведмилк“. Дневното производство засега е 180 тони. Во Турција компанијата постои 40 години и освен млеко, традиционално произведува широка палета млечни производи, јогурт, ајран, сирење и други млечни производи. Годишниот обрт на фабриката достигнува 750 милиони евра или околу 45 милијарди денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top