| четврток, 6 декември 2018 |

Празнично издание на „Време за среќа“

Државна лотарија на Македонија ја продолжува празничната атмосфера,  со вечерашните специјални  празнични кола на игрите на среќа „Бинго бум“ и „Топ 5“, направени специјално за големиот празник Василица. Оваа празнична понуда ќе биде спакувана во емисијата „Време за среќа“, која ќе се емитува вечерва, токму на празникот Василица, стандардно по 20 часот.

– Се надеваме дека и ова издание на „Време за среќа“ на МРТ 1 ќе поттикне  многу возбуда поради специјалната понуда на празничните кола на „Бинго бум“ и „Топ 5“. Во ова специјално коло на „Бинго бум“, покрај задоволството да се ужива во оваа семејна игра на среќа, ве очекуваат и бројни можности за интересни добивки, а меѓу нив се  и гарантираната добивка – автомобил „пежо 208“ во категоријата ЏЕК ПОТ ДВЕ ЛИНИИ до 90 број, стои во соопштението од Државната лотарија на Македонија

Во емисијата „Време за среќа“ на 13.01.14 на МТВ1 ќе може да се проследи и празничното коло од најновата игра на среќа на Државна лотарија на Македонија – „Топ 5“, кое, пак, токму за поубаво празнично уживање нуди гарантирана добивка за 5ка од еден милион денари. Уплатата  за овие празнични кола на „Бинго бум“ и за „Топ 5“ сѐ уште трае.

Вечерва по 20 часот заедно со Марјана и Викса во василичарското издание на „Време за среќа“ проверете го вашиот коефициент на среќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top