Во воените судири во Сирија убиен е уште еден Албанец од Македонија, пишува порталот Порталб.
Според овој портал станува збор за Алим Османи (22) од Скопје.
Веста ја потврдиле неговите најблиски, демантирајќи ги српските медиуми кои пренеле дека станува збор за Албанец од Урошевац. Најблиските на Османи наведуваат дека тој е од Скопје и оти често патувал во Урошевац кај нивни роднини.
Алим Османи во војната во Сирија се приклучил во јуни минатата година.
– Тој не беше дел од групите блиски на Ал Каеда. Се бореше рамо до рамо со силите на Војската за слободна Сирија. За жал не информираа дека неговото тело не можеме да го добиеме – изјавиле неговите роднини.
На неговиот профил на Фејсбук, Османи, на 24 декември напишал „мамо не плачи за мене зашто јас не се враќам повеќе, но моли го Бога за мене да бидам драг за него“.
Османи е четврт Албанец од Македонија, кој го загуби животот во Сирија. Меѓу убиените Албанци се тројца од Македонија. Лани во мај беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Тој замина за Сирија осум месеци пред да биде убиен и се борел во редовите на исламистичкиот Фронт „Ал Нусра“. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, а во средината на август и Имер Ниметула, алијас Абу Зијат (38) од скопското село Грчец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Познат американски кошаркар убиен по престрелка со полицијата
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)