| четврток, 6 декември 2018 |

На „Евровизија“ со субвенционирана песна?!

Мајка, сопруга, пејачка, а во последно време и актерка. Покрај сите обврски Тијана Дапчевиќ во мометот има само една главна цел – успешен настап на годинешниот избор за песна на Евровизија.

Македонската јавност нема да се штеди на критики, посебно кога станува збор за „Евровизија“. Колку е таа подготвена за лавината коментари кои нема да изостанат без разлика дали ќе понуди добар производ и одлично спакувана песна.

Нека дојдат и тие на сцена, па нека отпеат, нека се сликаат малце, па после тоа може да правиме муабет. Мене ми е битно јас да ја осетам песната, да ми легне, мене да ми биде убаво додека ја пеам и јас да направам журка на сцената, а за тие што зборуваат ништо – во свој стил одговара Тијана.

Она што најмногу ѝ се допаѓа во овој момент, пак, е проектот за субвенции за македонски пејачи, нешто од што и самата сака да е дел.

Да речеме дека може да се случи песната што ќе ја пеам на „Евровизија“ да биде таква – открива Тијана.

Подетално за подготовките за „Евровизија“, нејзиното актерско искуство, како и за дуетот меѓу Тамара и Тијана, погледнете го целото интервју на Република ТВ.

Пишува: Марина Костовска
Интервјуто е објавено во 71. број на неделникот „Република“, 10.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top