| четврток, 6 декември 2018 |

Мерил Стрип: Сакам Кејти Холмс да ми биде снаа

Познатата холивудска глумица Мерил Стрип неодамна изјави дека би сакала поранешната сопруга на Том Круз, Кејти Холмс, да ѝ биде снаа.

Двете глумици се спријателиле на снимањето на филмот „Гивер“. Кејти Холмс за време на една пауза на снимањето се пожалила дека би сакала да си најде маж, односно дека е подготвена за нова романса.

Оваа вест ја израдувала холивудската глумица Мерил Стрип бидејќи таа вели дека има совршен маж за неа, нејзиниот син Хенри Волф Гумер, кој е пејач и глумец.

Оваа вест не остана незабележана од медиумите, па така магазинот „Грација“ веќе објави дека тие си размениле неколку пораки.

– Мерил знае дека тие би можеле да бидат одлична двојка. Двајцата имаат слични особини – вели извор близок на магазинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top