| четврток, 6 декември 2018 |

„Златен глобус“ за Метју Меконахи, Кејт Бланшет, Ди Каприо, „Американска измама“

71st Golden Globe Awards - Press Room

Криминалистичката комедија „Американска измама“ на режисерот Дејвид О. Расел е филмот кој освои најмногу главни награди на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Тој победи во категориите најдобра комедија/мјузикл, најдобра актерка во комедија или мјузикл, како и награда за најдобра споредна женска улога.

За најдобар филм во категоријата драма е прогласен „Дванаесет години ропство“ во режија на Стив Меквин. Наградата за најдобар драмски глумец ја освои Метју Меконахи за улогата на тексашкиот реднек заболен од сида кој шверцува нелегален лек против болеста во филмот „Добрите дилери од Далас“.

Расел и Меквин не добија награда за најдобар режисер, таа титула му припадна на Мексиканецот Алфонсо Куарон, режисер на научнофантастичниот филм „Гравитација“.
Во категоријата најдобра драмска глумица победи Кејт Бланшет, која ја толкуваше главната улога во филмот „Сината Јасмин“ на Вуди Ален. „Глобусот“ за најдобар глумец во комедија или мјузикл ја освои Леонардо ди Каприо, кој го глумеше нескротливиот брокер Џордан Белфорт во „Волкот од Волстрит“, додека во женска конкуренција триумфира Ејми Адам за улогата  на љубовницата на Ирвинг Росенфелд во филмот „Американска измама“.

За најдобри споредни актери се прогласени Џаред Лето за улогата во филмот „Добрите дилери од Далас“ и Џенифер Лоренс за „Американска измама“.
Најдобар анимиран филм за оваа година е „Снежното кралство“, а титулата најдобра драмска телевизиска серија ѝ припадна на „Breaking bad“, која е прогласена како мошне успешна серија за која потврди и Брајан Кранстон, кој ја освои наградата најдобар глумец во драмска телевизиска серија за својата интерпретација на Валтер Вајт.
Најдобра комична ТВ-серија е „Бруклин 9-9“, а ѕвездата на серијалот, Енди Самберг, е прогласен за најдобар глумец во телевизиска серија во категоријата комедија/мјузикл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top