| четврток, 6 декември 2018 |

Финалистите во Нови Сад за православна Нова година

Дел од финалистите на „Икс- фактор“ вечерва ќе настапат во Нови Сад за дочекот на православната Нова година. Даниел Кајмакоски, Маја Новаковиќ, Харис Чато, Илма и Лукијан како и женската група „Фор ју“ ќе ги придружуваат познатите српски пејачи на сцената.

Жељко Јоксимовиќ ги покани своите двајца кандидати Маја и Даниел, додека Наташа Беквалац се одлучи за девојките од групата на Кристина Ковач „Фор ју“.

Исто так,а како гостинка на поп-пејачката Јелена Томашевиќ ќе се појави 13-годишната Илма Карахмет, а пејачот Никола Роквиќ како свој специјален гостин го повика Лукијан Ивановиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top