Силен пожар избувна во пробиштипскиот хотел „Црешово топче“, при што изгорел еден негов дел. Причинета е голема матерјална штета, но нема повредени.
Огнот избувнал околу 2 часот по полноќ во просториите каде што се готви храна и зафатил дел од катот и покривната конструкција на хотелот.
Според првичните информации, во помош на пожарникарите од Пробиштип пристигнале и штипските пожарникари.
Командирот на ТПЕ – Штип, Кире Патраклиски, вели дека пожарникарите сѐ уште се во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип, каде што сѐ уште го гасат пожарот.
Повеќе информации од надлежните институции за пожарот се најавени во текот на попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.