| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје целосно ќе се гасифицира за четири години

гасна пумпаСтудијата за гасификација на Скопје е готова и предадена во Министерството за транспорт и врски и може да се очекува веќе до крајот на овој или во почетокот на идниот месец да биде распишан тендер за избор на компанија што ќе добие концесија за изградба на гасоводната мрежа во целото подрачје на главниот град, односно во сите 17 општини што влегуваат во скопскиот регион. Ако претходно се размислуваше за варијанта секоја општина самостојно да се грижи за гасификацијата и да се формираат локални дистрибутивни компании, по направените анализи е утврдено дека најреална и најисплатлива варијанта, која може да обезбеди наоѓање инвеститор, е гасификацијата да се врши регионално, пишува Дневник.

Според анализата, ако се оди на изградба на општински мрежи, само мал дел од нив да бидат гасифициран, бидејќи некои би биле поатрактивни за идните инвеститори. Затоа се предлага првиот регион да е скопскиот, каде е една третина од вкупниот потенцијален потрошувач во земјава, потоа западниот каде што има многу капацитети што можат да бидат корисници на гасот, а во третиот би биле останатите општини.

Со оглед дека Скопје веќе има пристап до гасот, до јуни се очекува да заврши изборот на компанијата- дистрибутер на гасот во овој регион. Студијата предвидува во првата година по доделување на концесијата во главниот град да нема приклучувања, односно да се гради примарната мрежа за да може да се почне со првите приклучувања, а со истото да се продолжи и во следните години. Целосната гасификација на регионот се проценува дека би завршила за четири години, пренесува весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top