Денис Родман ја напушти Северна Кореја и веднаш ја смени „плочата“, па одлучи да им се извини на своите, на Американците, за поддршката што му ја пружи на апсолутниот владетел Ким Јонг-Ун.
– Ја сакам мојата земја Америка и никогаш нема да ја предадам за ништо на светот – изјави Родман на аеродромот во Пекинг, Кина. Американските медиуми го нападнаа поранешниот НБА-шампион за авантурата во Северна Кореја, каде што организираше пријателски меч меѓу домашната селекција и тим оставен од поранешни кошаркари во НБА.
Денис притоа и му запеја „Среќен роденден“ на Ким Јонг-Ун, лидер кого во САД го сметаат за предводник на тоталитарниот систем во Северна Кореја.
Родман по четврти пат беше во посета на оваа земја во последните 12 месеци, а изјавуваше дека Ким му е пријател за цел живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.