| четврток, 6 декември 2018 |

19 сообраќајки во Скопје за три дена

На подрачјето на Град Скопје и неговата околина во текот на изминатите три дена се случиле 19 сообраќајни несреќи.

На 10 јануари-петок, се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, две со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле две лица, еден возач и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште и три незгоди со мала материјална штета.

На 11 јануари-сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле пет лица. Случена е и една незгода со последица тешки телесни повреди, во 11 часот и 30 минути на ул. „Еден“ во село Арачиново. Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Куманово и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешачкиот и истиот со возило е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде задржан на лекување.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште и три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

На 12 јануари-недела, извршен е увид на вкупно пет сообраќани незгоди од страна на сообраќајната полиција. Сите се со последица материјална штета.

За време на викендот беа откриени и санкционирани 43 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 26 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците. Меѓу останатите, преземени се мерки и за 37 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, 34 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини или во зона на крстосница и на автобуските стојалишта.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција се користеше и специјалното возило „пајак“ при што отстранети се 171 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top