| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт во вториот дел на Коби за победа против Бобкетс

Коби Брајант своите 20 поени (20 поени, 7 скока, 8  асистенции) ги постигна во вториот дел помаѓајки им на своите Лејкерс повторно да се вратат на победничките патеки. Овојпат жртва беше тимот на Мајкл Џордан, Шарлот Бобкетс кој беа поразени на свој терен во Тајм Ворнер Кејбл Арената. Оваа победа дојде во одличен момент за тимот на Мајк Д’Антони бидејки во недела ги очекува најтешкиот дуел сезонава, гостување во Американ Ерлјанс Арена и дуел против шампионот Мајами Хит.

Ерл Кларк уште покажа дека е изненадување на сезоната откако постигна 17 поени и 10 скока. Стив Неш исто така го заврши натпреварот со 17 поени на кои додаде и 7 асистенции, додека Хауард оствари дабл-дабл со 12 поени и 11 скока. Мета Ворлд Пис постигна 11 поени со што стартната петорка на ‘Езерџиите’ оствари двоцифрен број на поени.

Кај домаќините Џералд Хендерсон (20 поени, 10 скока) и Бајрон Муленс (20 поени, 12 скока) беа најдобри на паркетот.

Ова е втор пат сезонава Шарлот да пропуштат огромно водство против Лејкерс. Вчера вечер водеа со 20 поени во еден момент, додека на 18 декември водеа со 18 поени но на крај загубија со 101-100. Бобкетс за прв пат во историјата имаа четири кошаркари со двоцифрен број на скокови (Муленс 12, Бисмак Биомбо, Хендерсон и Кид-Гилкрајст со по 10).

Коби Брајант зачудувачки е само 1 од 26 од линијата за 3 поени од 20ти Јануари. Ова е само трет пат од спојувањето на АБА и НБА, Лејкерси да имаат помалку од 50% победи на 51 одигран натпревар.

Извор: klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top