Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална висока облачност. По одделни котлини и речни долини има магла во утринските часови, а во Скопје имаше густа магла, која во комбинација со загадувачите на воздухот создаде смог. Полека маглата ќе се крева до попладнето – и во главниот град и во другите подрачја на земјава.
Утринската температура во земјава се движи од -6 до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 5 и 14 степени.
Утринската температура во Скопје се спушти до -2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 7 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.