„Легендата за Сарила 3Д“, прв 3Д канадски анимиран филм и прв филм чија комплетна продукција е завршена во канадската покраина Квебек, ќе почне да се прикажува во редовен репертоар од 16 јануари.
Дејството на филмот се одвива на далечниот Север, есента 1910 година. На младите Инуити кои живеат во привремен логор им се заканува глад. Ситуацијата секојдневно се влошува поради тоа што ловците постојано, ден за ден, се враќаат со празни раце. Шаманот Крулик фрлил магија врз племето со што направил сите животни да исчезнат од ловиштето. Меѓутоа, надежта се крие во легендата за Сарила, раскошната ветена земја помеѓу глечерите. Според легендата, само личност со чисто срце може да зачекори во ветената земја. Тројца млади Инуити тргнуваат во потрага по Сарила надевајќи се дека ќе го спасат своето племе од глад.
Филмот е инспириран од културата на Инуитите, односно Ескимите, кои се староседелци на северноамериканскиот континент. Низ вековите, Инуитите имаат развиено митологија и голема традиција кога станува збор за визуелната уметност. Низ филмот имаме можност да се запознаеме со начинот на живот, културата и традицијата на овој народ.
Авторите на филмот истакнуваат дека не сакале ова остварување да личи на холивудска продукција и поради тоа успеаја да направат возбудлив, интересен и поинаков, уметнички анимиран филм за деца.
Режисерката на филмот, Ненси Флоренс Савард, работела на овој филм тринаесет години.
– Сфатив дека луѓето кои живеат во САД и јужна Канада многу малку знаат за културата на Инуитите. Затоа сакав да направам анимиран филм кој би бил и поучен и низ кој би можело многу да се научи за овој народ. Мислам дека културата на Инуитите е прекрасна – начинот на кој шијат облека, прават скулптури и куќи од мраз, кои ги нарекуваат игло – изјави Савард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура