| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Грција треба да го прогласи Црвенковски за национален херој

Црвенковски, особено последниве месеци, толку многу одработи за Грција што ако продолжи вака, нашиот јужен сосед треба да го прогласи за народен херој, истакна премиерот и претседател на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски

nikola
Бранко Црвенковски ја прави најголемата штетa на државата, бидејќи најмногу работи за Грција, подвлече премиерот Груевски при промоцијата на програмата на актуелниот и кандидат за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

-Секогаш кога што земјава ќе тргнеше напред ќе се случеше некој инциент предизвикан од него, но овој пат се надмина самиот себе си и незнам што ќе добие од тоа, тој најдобро знае, но знам дека со ова одработување на Грција, тој прави огромна штета на државата, но нема тој да трае долго. Неговите погрешни чекори се повеќе луѓето ги препознаваат, а и неговите соработници и блиски луѓе отворено говорат за тоа, потецираше премиерот. Ако продолжи вака да прави и да го руши имиџот на државата, Црвенковски во Грција треба да го прогласат за народен херој- рече Груевски.

Тој посочи дека Македонија во минатото имала и поголеми штетници, па така ќе го издржи и овој штетник, за потоа земјата да зачекори напред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top