| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон се смирила со поранешниот сопруг

памела андерсон

Памела Андерсон повторно е во врска со својот поранешен маж Рик Саломон. Актерката се појавила на хуманитарна вечера во организација на Шон Пен, а сите присутни го забележале дијамантскиот прстен на нејзината рака.
Актерката на црвениот килим се појавила во тесен фустан кој совршено и стоел и според кој малкумина би поверувале дека таа влегува во петтата деценија од животот.
На прашање на новинарите на „Е!“ дали се точни шпекулациите дека се смирила со поранешниот сопруг, инаку филмски продуцент, Памела одговорила: – Да, многу сме среќни, како и целото наше семејство. Тоа е сега најбитно – изјавила таа. Двојката беше во брак од 2007 до 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top