Борко Ристовски, голманот на македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Данска, на отворањето на еврошампионатот имаше 15 одбрани од кои три седмерци, но тоа не беше доволно за победа на Македонија на првиот меч од 1. коло на ЕП. Македонија загуби од европскиот првак Данска со 21-29.
-Против себе имавме многу силна репрезентација, ова беше само почеток за нас, прв меч и може да се каже загревање за следните натпревари. Како што кажа селекторот, следните два меча се „да се биде или не“ за нас и очекувам да забележиме најмалку една победа и да ги продолжиме настапите на ова Европско Првенство – изјави Ристовски за „Екипа“.
Македонија во вторник ќе игра против селекцијата на Чешка. Доколку победиме, ќе се пласираме во втората фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.