| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески воени бродови навлегоа во спорни води, Јапонците подготвени за одбрана

Јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера предупреди денеска дека Јапонија е подготвена да ја брани својата територија, во момент кога три кинески бродови впловија во спорни води во близина на острови под контрола на Токио во Источнокинеското Море.

Тоа е прв таков инцидент оваа година.

Бродови на кинеската крајбрежна стража впловија денеска во спорните територијални води во близина на еден од островите Сенкаку на која Кина вели дека има право и ги нарекува Дијаоју.

Бродовите ја напуштиле зоната два часа подоцна, соопшти јапонската крајбрежна стража.

– Никогаш нема лесно да преминеме преку упад во територијални води, изјави Онодера.

– Мора од една страна да вложиме дипломатски напори, а сакаме и да ја браниме поморската и копнена територија на нашата држава, истакна тој.

Кинеските воени бродови и авиони се доблилжуваат до спорните острови за да покажат дека Пекинг има право на таа територија, особено откако Јапонија национализираше дел од тие острови во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top