Шефовите на дипломатиите на САД и на Грција, Џон Кери и Евангелос Ванизелос, в четврток ќе имаат средба во Вашингтон, јавува дописничката на Канал 5 од Атина, повикувајќи се на извори од грчкото МНР.
Тема на разговорите, според информациите, ќе бидат американско-грчките односи, грчкото претседателство со ЕУ, улогата на Грција во поширокиот регион, тероризмот во Грција, кипарското прашање, но и проблемот со името кое Грција го има со Македонија.
Ванизелос од Вашингтон ќе патува за Париз каде ќе оствари средба со неговиот француски колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


