Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е повторно отворен за сообраќај кој утрово беше во прекин поради магла.
По 11 часот се реализирани две слетувања од Виена, кои се први денеска зашто поради временските услови беа откажани шест пристигнувања и исто толку полетувања од аеродромот.
Рано утрото од скопската писта летна само авион на превозникот „Виз ер“ кон Лондон, Лутон.
Поради маглата, аеродромот „Александар Велики и вчера беше затворен за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турчин се обидел со „фалц“ документи да влезе во Македонија: Кога го фатиле, побарал политички азил
-
Скопскиот аеродром да го носи името Киро Глигоров
-
Грчка „Демократија“: Коѕијас ќе бара од новата влада да ги смени имињата на аеродромот и плоштадот „Македонија“
-
Уапсен 25-годишен скопјанец на „Александар Велики“


