Светската филмска елита ќе се собере вечерва во Лос Анџелес на доделувањето на наградите „Златен глобус“, со што ќе почне овогодишната „сезона на награди“ во седмата уметност, што ќе кулминира со распределбата на „Оскарите“ на 2 март.
Главни фаворити за „глобусите“ се историската драма „Дванаесет години ропство“ и приказната за група измамници од 70-те години на минатиот век „Американска измама“. Покрај овие, добри шанси за освојување награди им се даваат и на вселенскиот трилер „Гравитација“, сторијата за сомалиските пирати „Капетен Филипс“, семејната драма „Август: Округот Осаџ“ и приказната за контроверзите на финансискиот свет „Волкот од Волстрит“.
Главен фаворит за најдобра машка улога е Британецот Ливетел Еџиофор за филмот „Дванаесет години ропство“, додека кај дамите подеднакви шанси им се даваат на Кејт Бланшет („Синиот јасмин“), Сандра Булок („Гравитација“) и Ема Томпсон („Спасување на Г. Бенкс“).
Во трка за најдобар режисер се Алфонсо Куарон за „Гравитација“, Дејвид О. Расел за „Американска измама“, Александер Пејн за „Небраска“, Пол Гринграс за „Капетан Филипс“ и Стив Меквин за „Дванаесет години ропство“.
Меѓу телевиските серии фаворити за „Златен глобус“ се „Куќа од карти“ и „Breaking Bad“.
Кога стануива збор за странските филмови во траката за оваа награда се канскиот победник, францускиот „Животот на Адел: Поглавје 1 и 2“, чија англиска верзија е насловена „Сината е најжешка боја“, потоа иранскиот „Минато“, италијанскиот „Големата убавина“, данскиот „Лов“ и јапонскиот цртан филм „Ветрот зајакнува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


