Наводната љубовна врска на претседателот на Франција, Франсоа Оланд со актерката Жули Гаје ги интересира Французите, но најголемиот број од нив сепак сметаат дека тоа е „приватна работа“, јави дописникот на МИА од Париз.
Аферата која ја обелодени специјалното издание „Клозер“ на крајот од неделава стана главна тема на весниците и на вестите на радијата и телевизиите, што придонесе и за зголемен интерес на Французите за приватниот живот на нивниот претседател.
Испитувањето на Ифоп за неделникот „Журнал ди диманш“, покажува дека дури 77 проценти од анкетираните мислат дека тоа е „приватна работа“ на Франсоа Оланд, додека 23 отсто го сметаат спротивното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


