Локализиран е пожарот во домот на режисерот Милчо Манчевски. Благоја Менковски, командантот на Противпожарната Единица, вели дека единицата на град Скопје интервенирала рано утринава во гаснење на пожар кој избувнал во подрумските простории на куќата. Се претпоставува дека пожарот настанал поради неисправна светилка која била запалена во подрумот. Огнот зафатил постари предмети, шкафови и облека, кои се наоѓале во подрумот. Материјалната штета се проценува на 20 до 30 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.