Во турскиот Парламент синиќа дојде до физичка пресметка меѓу неколкумина пратеници, кои си разменија удари и се гаѓаа со папки и пластични шишиња со вода.
Главната причина за ова се зголемени тензии поради корупциската афера што ја потресува Владата на Турција.
Како што јави Танјуг, инцидентот се случил за време на седница на Правната комисија на турскиот Парламент на која се расправало за владината предлог-уредба, со која се предвидува Владата да добие поголема контрола врз судскиот систем во Турција.
Опозициските пратеници, кои се противат на ваквата уредба, оценија дека предлог-документот е противуставен, бидејќи се нарушува начелото на независност на судската власт од извршната.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се соочува со најголемиот предизвик во неговото 11-годишно владеење поради полициската акција во која под обвинеиие за корупција и перење пари беа приведени десетици државни функционери и бизнисмени блиски до Владата, вклучитално и синови на тројца министри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.