Двајца пијани Руси од сибирскиот регион Камеров, си ги исекле ушите поради облог.
По испиено големо количество вотка, двајцата Руси решиле да се борат и се обложиле оној кој ќе загуби во борбата, целосно да си го исече едното и делумно другото уво.
Сведоци раскажуваат дека во првата борба победил едниот, но во втората борба се согласиле дека подобар бил другиот борач, па на крајот нивниот меч бил прогласен за нерешен.
Борачите решиле да го почитуваат облогот и решиле двајцата да си исечат по едно уво и делумно да го отсечат второто.
Руската полиција сега истражува дали постапката на двајцата пијани борачи е кривично дело за да може да покрене формална истрага, по што ќе реши дали двајцата треба да бидат уапсени и изведени пред суд.
Во информациите за овој настан, не се соопштува дали лекарите успеале да ги состават и сошијат откинатите делови од исечените уши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германците тврдат: Русите „шмркале“ амонијак на Мундијалот?
-
Нишки „Ханибал Лектор“: Го убил цимерот, му го одгризал ушите, а на судење дошол со маица „666“
-
Како да ја спречите болката во ушите при летање со авион?
-
Не ги занемарувајте овие показатели: Восокот во ушите покажува каква ви е здравствената состојба


